Израел нема да ги нарушува своите односи со САД за да си зацврсти врските со Русија, се кажува во статија на весникот Haaretz. Како што забележува авторот на материјалот, колку и да се големи грешките на администрацијата на американскиот претседател, политиката на Вашингтон кон Израел и неговата безбедност не предизвикува никакви сомнежи, за што сведочат и развиената воена и разузнавачка соработка со САД. За Русија не може да се каже истото, се кажува во статијата.
Притоа, авторот на статијата пишува дека односите меѓу владата на Нетанјаху и администрацијата на Барак Обама во моментов може да се оценат како „лоши“, додека врските меѓу Ерусалим и Москва се „добри“. На фонот на кризата на односите со Вашингтон, расте опасноста од воведување санкции од ЕУ против Израел, па Ерусалим ја гледа Москва како сѐ поважен стратешки партнер, иако израелскиот премиер знае дека Русија во овој случај не може да ги замени САД.
На Израел му е потребна Русија, меѓу другото, за да ја убеди Москва да не ја промени својата позиција околу испораката на С-300 во Иран. Уште еден фактор се 1.000.000 граѓани на Израел кои имаат потекло од поранешниот СССР, напомнува авторот на материјалот, додавајќи дека не треба да се забораваат и економските врски меѓу Москва и Ерусалим.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче