Советник на претседателот на РФ: ЕУ може да изгуби 1 трилион евра поради санкциите против Русија

Според зборовите на советникот на претседателот на РФ, евроазиската интеграција би можела да биде добра алтернатива на економската соработка со Европа.

Земјите од Европската унија можат да изгубат околу еден трилион евра доколку санкциите против Русија останат на сила, пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на изјавата на советникот на претседателот на Русија Сергеј Глазев.

Според мислењето на Глазев, во оваа ситуација евроазиската интеграција е добра алтернатива на прекинатата економска соработка со Европа: „Евроазиската интеграција ќе ја намали зависноста од Западот“.

Заменикот советник на претседателот на САД за национална безбедност Бен Родс претходно соопшти дека Вашингтон не планира да ги укине санкциите против Русија, бидејќи тие уште не го постигнале посакуваниот ефект и не довеле до промена на политиката на Русија кон Украина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња