Администрацијата на претседателот на САД Барак Обама призна дека санкциите против Русија засега не ја натерале Русија да ја промени својата гледна точка и дејства, пренесува CNN.
„Сметаме дека наскоро санкциите ќе станат ефективни во регулирањето на политиката на Русија во однос на Украина“, изјави за новинарите заменикот советник за национална безбедност на САД Бен Родс. „Затоа ќе продолжиме и понатаму да ги применуваме и да воведуваме нови“.
Родс подвлече дека санкциите очигледно вршат негативно влијание врз економијата на Русија.
Повеќе околу темата:
Меркел изјави дека не планира воведување нови санкции против Русија
Камерон изрази подготвеност за заострување на санкциите против Русија
ЦБР: Економијата ќе биде стабилна дури и во услови на санкции
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче