Руски воени бродови забележани северно од Австралија

Според изјавите на Министерството за одбрана на Австралија, руските бродови се забележани северно од австралиските територијални води.

Руски воени бродови се забележани северно од австралиските територијални води, јавува "The Australian".

Министерството за одбрана на Австралија организираше мониторинг на бродовите на воената морнарица на Руската Федерација во согласност со нормите на меѓународното право. Според изјавата на Министерството за одбрана, недалеку од австралиската морска граница плови крстосувачот „Варјаг“, противподморничкиот брод „Маршал Шапошников“, најмноќниот спасувачки реморкер на светот „Фотиј Крилов“ и танкерот „Борис Бутома“.

И порано руските лидери за време на нивните посети биле спроведувани од воени бродови. Изданието истакнува дека појавата на флотата недалеку од австралиските води ја покажува „аурата на власта“ околу претседателот на Русија Владимир Путин, кој ќе дојде на самитот на шефови на држави во состав на Г-20. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња