Москва ги негира изјавите за присуство на руска војска во Украина

Претходно САД соопштија за воено присуство на Русија на југоистокот на Украина.

Москва ги негира изјавите за присуство на руска војска во Украина и го повика Киев „да не создава притисок“, изјави првиот заменик на постојаниот претставник на Русија во ООН Александар Панкин за време на заседанието на Советот за Безбедност на ООН.

„Тие се движат на територијата на мојата држава. Преку создавање притисок во Советот за Безбедност преку изјавите дека ’само што не започнал марш кон Украина’ - се создава ситуација која не дозволува конструктивна дебата“, изјави Панкин, одговарајќи на прашањето на постојаниот претставник на Украина во СБ на ООН, Јуриј Сергеев за причините за дислокацијата на руската воена техника.

Претходно САД соопштија за воено присуство на Русија на југоистокот на Украина.

„Русија го задржува своето воено присуство на територијата на Украина дури и после стапувањето на сила на договорот за прекин на огнот“, изјави Саманта Пауер, постојан претставник на САД во СБ на ООН. „Имаме докази дека во Украина дејствува руска воена техника“, изјави Пауер. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња