Русија во Советот за Безбедност при ООН истапи против прифаќањето на резолуција со која се предвидува продолжување на рокот на силите за стабилизација на ЕУ во Босна и Херцеговина, и со тоа стана единствена од 15-те држави која се воздржа при гласањето.
Во резолуцијата Советот за Безбедност го поздравува решението на НАТО да го зачува своето присуство во Босна и Херцеговина во вид на штаб кој ќе ги поддржи операциите на ЕУФОР во БиХ, пренесува ИТАР-ТАСС.
Зборувајќи во Советот за Безбедност, постојаниот претставник на Русија во ООН Виталиј Чуркин се согласи дека ситуацијата во Босна и Херцеговина е стабилна, и се заложи за што побрз прекин на мисијата на Високиот претставник на ООН, како и откажување од понатамошното вмешување во внатрешните работи на државата.
Дипломатот укажа на демократски одржаните избори во октомври во државата, кои „повторно ја потврдиле способноста на локалните страни да ги решат своите задачи без да се потпираат на меѓународниот протекторат“.
„Уверени сме дека потенцијалот на апаратот на Високиот претставник е веќе исцрпен. Не треба да се бараат вештачки поводи за зачувување на апаратот - напротив, треба да се започне работата околу неговото повлекување“, изјави тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче