Кај границите на воздушното пространство на Норвешка за прв пат е забележана појава на рускиот ловец-бомбардер Су-34. Ова го пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на капетанот Бринјар Стурдал од оперативната команда на ВС на Норвешка.
![]() |
Су-34 „летечки тенк“ |
Според зборовите на Стурдал, пилотите на два норвешки F-16 на 29 октомври го фотографирале Су-34, кој летал на Баренцовото море.
„Рускиот ловец претходно беше забележан и идентификуван и покрај раниците на други држави на НАТО“, забележа Стурдал. „Сепак, ова е првиот потврден случај на појава на Су-24 на северот, недалеку од воздушното пространство на Норвешка“.
Според него, „Русија ги обновува летовите и го модернизира својот авиопарк, како и другата воена техника и бродови“. „Ние гледаме јасен пример кој укажува на таа тенденција“, додаде тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.