Меркел изјави дека ЕУ не планира воведување нови санкции против Русија

Меркел изјави дека не се планираат понатамошни економски санкции.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Европската унија не планира воведување нови санкции против Русија во сферата на економијата, пренесува Ројтерс.

„Не сме задоволни со ситуацијата околу минските протоколи, бидејќи поголемиот дел од нив воопшто не се почитуваат“, изјави Меркел.

Меркел додаде дека планира да разговара со претседателот на Украина, Петро Порошенко и претседателот на Русија, Владимир Путин за својата намера да испрати во ЕУ молба за проширување на црната листа на лица на кои ќе им биде забранет влезот во ЕУ.

„Освен тоа, понатамошни економски санкции не се планираат, бидејќи во овој момент ние сме сконцентрирани на успешна подготовка за зимскиот период и почитување на прекинот на огнот во Украина“, додаде Меркел. 

Повеќе околу темата: 

ЦБР: Економијата ќе биде стабилна дури и во услови на санкции

Холандија не гледа причини за укинување на санкциите против Русија

SWIFT нема да воведува санкции против Русија

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.