Социјалната мрежа Facebook планира да го заземе првото место на рускиот пазар, пренесува Business Insider, повикувајќи се на шефот на европската канцеларија на Facebook, Жулиен Кодорну.
За постигнување на своите цели, во социјалната мрежа се планира создавање на апликации за Facebook. Според мислењето на раководството на компанијата, заедно со појавата на локални апликации, повеќе локални корисници ќе започнат да се регистрираат на Facebook.
„Вконтакте“ една од десетте најголеми социјални мрежи на планетата
Освен тоа, според мислењето на Кодорну, Facebook е добар и за големите компании со тоа што им дозволува да се најдат на меѓународниот пазар. „Вие можете да бидете крал на Русија во ’Вконтакте’ (најпопуларната руска социјална мрежа), но тоа нема да ви помогне да привлечете клиенти од САД“, изјави претставникот на Facebook.
Според податоците на TNS Web Index, „Вконтакте“ останува најпопуларната социјална мрежа во Русија со 52,1 милиони корисници. На второто место е „Одноклассники“ со 41,1 милиони корисници. Facebook се наоѓа на четвртото место според популарноста во Русија со 23,8 милиони корисници, наоѓајќи се веднаш зад „Мојот свет“ со 27,8 милиони корисници.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче