Централната банка на Русија планира создавање аналог на SWIFT до мај 2015

SWIFT трпи притисок од неколку држави кои настојуваат системот да се приклучи кон санкциите против Русија.

Централната банка на Русија планира да создаде руски аналог на системот за банкарски трансфери SWIFT до мај следната година, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на изјавата на Рамила Канафина, соработник во националниот платежен систем во ЦБР.

„ЦБР поради предизвиците ќе создаде сопствен систем за финансиски трансфери. Ситуацијата нѐ брза, па затоа во следните неколку месеци ќе биде завршена конкретна работа. Проектот треба да биде готов до мај 2015 година“, изјави Канафина.

Претходно беше објавено дека SWIFT трпи притисок од неколку држави кои настојуваат системот да се приклучи кон санкциите против Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.