Академиците ќе го замолат Путин за помош за обнова на опожарената библиотека

Раководството на институтот за општествени науки на РАН ќе се обрати до претседателот на Русија Владимир Путин со молба да помогне во обновата на опожарената библиотека.

Раководството на институтот за општествени науки на РАН ќе се обрати до претседателот на Русија Владимир Путин со молба да помогне во обновата на опожарената библиотека. Ова го изјави директорот на институтот академик Јуриј Пивоваров во интервју за радиостаницата „Зборува Москва“.

„Во понеделник ќе се обратиме до претседателот, до владата. Овие прашања може да ги решат или претседателот, или премиерот. Ова е тоа ниво. Не Собјанин (Сергеј Собјанин е градоначалникот на Москва). Затоа што ова е федерална земја и федерална сопственост“, рече Пивоваров.

Пожарот во библиотеката на ИНИОН во Москва започна во петокот вечерта, на 30 јануари. За негова целосна локализација беа потребни 25 часа. Опожарената површина изнесува околу две илјади квадратни метри. Ширењето на пожарот од трет степен беше запрено околу полноќ. Причина за настанувањето на пожарот, според една од верзиите, е краток спој.

Претставник на раководството на РАН изјави дека, според првичните информации, загубите за науката како резултат на пожарот можат да бидат „огромни“ (во ИНИОН се чуваа повеќе од 14 милиони книги). Претседателот на РАН Владимир Фортов смета дека огнот уништил околу 15 проценти од материјалите што се наоѓаа во библиотеката.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња