Западни медиуми: на британските војници им забранија контакти со симпатични Русинки

Министерството за одбрана на Велика Британија смета дека убавите жени од Русија, со кои се запознаваат соработниците на британското Министерство за одбрана, можат да бидат агенти на ФСБ, пишува Daily Mail.

Министерството за одбрана на Велика Британија ги предупреди чиновниците на високи позиции во Министерството да ги одбегнуваат врските со привлечните девојки од Русија и Кина, бидејќи истите можат да бидат шпионки, пишува The Daily Mail.

Како што пишува весникот, соработничките на Федералната служба за безбедност на Русија може да се обидат да стапат во контакт со британските чиновници, а потоа преку уцена од нив да бараат информации.

Министерството за одбрана на Велика Британија не ги коментира овие информации.

Притоа, весникот напомнува дека КГБ користел слични начини за „лов“ на чиновници на високи позиции за време на Студената војна, особено во Источна Германија.

На фонот на влошените односи со Русија, во последните неколку месеци британските специјални служби започнаа кампања за вработување агенти кои зборуваат руски. Британската агенција за разузнавање MI5 на својата интернет-страница објави информација дека врши интервјуа со специјалисти кои го знаат рускиот јазик. Кампањата за врбување се спроведува заедно со Управата за владини врски на Велика Британија, соопштува Daily Mail. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња