Руските и индонезиските индустриски претпријатија ја разгледуваат можноста за заедничко производство на 100-мм муниција од новата генерација за борбените машини предвидени за пешадијата, пренесува РИА Новости.
„Се надеваме дека во блиска иднина ќе можеме да започнеме заедничка разработка со индонезиската страна. Станува збор за создавање нов вид муниција за БМП. Тоа е целосно нов правец во работата на нашиот институт“, изјави официјалниот претставник на Научно-стражувачкиот машински институт (НИМИ) за време на одржувањето на изложбата Indo Defence 2014.
Следниот чекор може да биде трансфер на технологии и создавање на лиценцирано производство на територијата на нарачателот.
Досега Русија има потпишано два договора со Индонезија за испорака на 54 БМП-3Ф.
БМП-3Ф е една од варијантите на БМП-3, предвиден за единиците на морската пешадија, пограничните и крајбрежните војски. Во оружјето на ВМП-3Ф влегува 100-мм орудие, 30-мм топ и управувани ракети.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче