Премиерот на Финска: ЕУ треба да го разгледа заострувањето на санкциите кон Русија

Според неговите зборови, односите меѓу Западот и Русија потсеќаат на Студената војна.

Премиерот на Финска Александар Стуб смета дека ЕУ повторно треба да го разгледа прашањето за заострување на санкциите против Русија, пренесува РИА Новости.

„Тој метод е мек, но истовремено и цврст. Тоа е единствен метод кој можеме да го користиме, и тој треба да биде применет“, изјави претседателот на финската влада во интервју за финската телевизиска компанија "Yle".

Според мислењето на Стуб, во сегашната ситуација Финска треба да дејствува во два правца: да се придржува на линијата на ЕУ и да води сметка за тоа гласот на Европа да биде единствен. „Ние околу многу прашања сме на прагот на студена војна“, изјави тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња