Кинескиот авион-ловец од петтата генерација Ј-31 ќе лета со рускиот мотор РД-93, соопшти шефот на делегацијата на „Рособоронекспорт“, Сергеј Корнев за време на авио-изложбата во Џухај, Кина.
Ј-31 со рускиот мотор РД-93 ќе биде предвиден за извоз. Тој ќе може да конкурира со американскиот F-35 на регионалните пазари“, изјави Корнев.
Тој напомна дека во Кина се создаваат два авиони-ловци од петтата генерација - Ј-20 и Ј-31, што сведочи за високиот потенцијал на кинеската наука, конструкторка мисла и индустрија.
„Програмата е амбициозна, но сосема реална, особено ако се семе предвид цената на F-35 и некои проблеми во текот на неговата експлоатација“, подвлече Корнев.
Авионот-ловец Ј-31 го изврши својот прв лет на 31 октомври 2012 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче