Поранешниот претседател на СССР Михаил Горбачов во Берлин се состана со германската канцеларка Ангела Меркел, пренесува агенцијата ИТАР-ТАСС.
Официјалниот претставник на германската влада, Шефан Зајберт соопшти дека состанокот бил одржан зад затворени врати. Зајберт напомна дека Меркел и Горбачов зборувале и за кризата во Украина.
По состанокот на Михаил Горбачов му е врачен медал за помирување на народите и јакнење на довербата меѓу народите. „Во Германија не ги заборавивме неговите заслуги за време на перестројката, како и неговиот придонес за завршувањето на Студената војна и соединувањето на двете Германии по мирен пат“, изјави Зајберт.
Повеќе околу темата:
Михаил Горбачов: Јас сум против било какви ѕидови
ОБСЕ не ги оправда надежите на Горбачов
Горбачов вети дека ќе ги застапува ставовите на Русија во Германија
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.