Москва како одговор на изолацијата од страна на Западот ги зацврстува врските и инвестициските текови со Пекинг, пишува The Financial Times.
Претходно беше објавено дека Русија и Кина потпишаа 17 документи, вклучувајќи и меморандум за испорака на гас по „западната“ маршрута, преку која од Западен Сибир во Кина ќе се транспортираат по 30 милијарди кубни метри гас во следните 30 години.
Потпишаните договори претставуваа дипломатска и финансиска поддршка за Москва, забележува британскиот весник. Извозот на енергенси е главен извор на валута за Москва, а воедно, се очекува Кина да помогне во реализацијата на скапата изградба и финансирање на гасоводите, додава весникот.
Москва одамна гледа на Азија како на потенцијален алтернативен пазар за руската енергетика и намалување на зависноста на Европа, се кажува во материјалот.
Повеќе околу темата:
Самитот на АТЕС ќе ја зацврсне врската помеѓу Русија и Кина
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче