Русија од 2015 до 2017 ќе продаде 200 хеликоптери во странство

Повеќето хеликоптери ќе бидат продадени на Далечниот Исток и во Југоисточна Азија.

Сергеј Корнев, шеф на делегацијата на „Рособоронекспорт“ за време на изложбата на авиони и хеликоптери во Џухај (Кина), изјави дека Русија во периодот од 2015 до 2017 година ќе извезе 200 хеликоптери. Според Корнев, договорите за извоз на хеликоптерите веќе се потпишани, пренесува РИА Новости.

„До 2015 до 2017 година се очекува извоз на 200 хеликоптери од различни видови во 12 држави. Најмногу хеликоптери ќе бидат извезени во Југоисточна Азија и Блискиот Исток“, забележа Корнев.

Светскиот пазар на хеликоптери изнесува повеќе од 20 милијарди долари, додаде Корнев. Најголем извозник во светот е Европската унија, која зазема 40% од светскиот пазар, додека Русија учествува само со 15%. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња