Путин: Русија ќе го држи надворешниот долг на ниво не поголемо од 15% од БДП

Државниот долг на Русија е намален за 3,7% во последниве 9 месеци.

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека Русија не планира да го зголемува државниот долг. Тој ќе се одржува на ниво не поголемо од 15% од БДП, пренесува кореспондент на „Газета.ру“.

„Нема да има зголемување на државниот долг. Планираме да го држиме на безбедно ниво - до 15% од БДП“, изјави шефот на државата на самитот АТЕС.

Исто така, претседателот на Русија изјави дека ги одобрува дејствата на Централната банка за „чистење“ на балансот во банкарската сфера. Тоа е процес кој одамна требаше да се случи, и сметам дека инвеститорите ја разбираат потребата од таквите чекори“, смета Путин.

Освен тоа, претседателот изјави дека нема да има ограничувања на движењето на капиталот. Според неговите зборови, властите ја контролираат ситуацијата со резервите и без потреба од некакви дополнителни мерки. „Важно е нашите валутни резерви и платежниот баланс да бидат на добро ниво. Тоа ни дозволува да ја контролираме ситуацијата без дополнителни мерки“, изјави тој.

Претходно беше објавено дека државниот долг на Русија е намален за 3,7% во последниве 9 месеци. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња