Путин ќе ја посети Јапонија во 2015 година

Претходно беше објавено дека лидерите на двете држави се договориле за продолжување на контактите „на сите нивоа“.

Претседателот на Русија Владимир Путин може да ја посети Јапонија во 2015 година, соопштува ТАСС, повикувајќи се на портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.

„Путин и Абе (премиерот на Јапонија) ќе го усогласат точниот термин на посетата на претседателот на Русија во Јапонија“, изјави Песков, додавајќи дека тоа ќе се случи во текот на следната година.

Претходно беше објавено дека лидерите на двете држави се договориле за продолжување на контактите „на сите нивоа“.

Во септември Јапонија ја повлече поканата упатена кон Владимир Путин за посета на Јапонија оваа есен. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.