Претседателот на Русија Владимир Путин и претседателот на Кина Си Ѓинпинг разговараа за можноста да се користи кинеската национална валута во разни области, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.
„Значајно внимание беше посветено на темата на финансиските трансакции во различни области со користење на јуанот, што ќе помогне да се зацврсне значењето на јуанот како резервна регионална валута“, изјави Песков.
Песков забележа дека Путин му подарил на кинескиот лидер YotaPhone 2, паметен телефон од руско производство, на кој специјално е нанесена руска и кинеска симболика.
Повеќе околу темата:
Самитот на АТЕС ќе ја зацврсне врската помеѓу Русија и Кина
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче