Претседателот на Русија Владимир Путин и премиерот на Јапонија Шинзо Абе се договорија за продолжување на контактите „на сите нивоа“, пренесува ТАСС, повикувајќи се на портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
Средбата на двајцата лидери се одржа за време на одржувањето на самитот АТЕС во Пекинг.
„Двете страни ја потврдија подготвеноста да ги продолжат контактите на сите нивоа, вклучувајќи го и планот за потпишување мировен договор“, изјави Песков.
Претходно беше објавено дека Путин и Абе ќе разговараат за соработката во трговско-економската и инвестициската сфера.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче