Милер: „западната“ маршрута ќе биде приоритетен проект во соработката со Кина

Претходно беше објавено дека Русија и Кина потпишале 17 документи, вклучувајќи и меморандум за испорака на гас по „западната“ маршрута.
Самитот на АТЕС ќе ја зацврсне врската помеѓу Русија и Кина

Шефот на „Гаспром“ Алексеј Милер изјави дека „западната“ маршрута“ ќе стане приоритетен проект во соработката меѓу Русија и Кина, пренесува РИА Новости.

„Во овие документи се определува тоа дека „западната“ маршрута станува приоритетен проект во нашата соработка во сферата на гасот“, додаде Милер.

Освен тоа, тој забележа дека во документите се определени основните услови за испорака на гас во Кина - 30 милијарди кубни метри годишно во рок од 30 години.

Претходно беше објавено дека Русија и Кина потпишале 17 документи, вклучувајќи и меморандум за испорака на гас по „западната“ маршрута. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња