Државниот секретар на САД Џон Кери го повика Западот да се стреми кон подобрување на односите со Русија, ова тој го напиша во статија за германскиот весник Frankfurter Allgemeine Sonnatgszeitung.
„Важно е да се стремиме кон возобновување на конструктивните односи со Русија доколку Москва е подготвена на истото. За сите нас ќе биде добро ако Русија, Европа, САД и Канада успеат да се сплотат и да ги решаваат глобалните проблеми како екстремизмот, распространувањето на нуклеарното оружје и болестите“, се кажува во статијата.
Исто така, Кери ги повика сите држави да се обидат да спречат нова „студена војна“ и ги подвлече намерите на Западот „да го заштити суверенитетот и независноста на Украина“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче