Централната банка на Русија прогнозира раст од 3% на руската економија доколку има позитивен развој на настаните и односите меѓу Русија и Западот. Во случај на негативен развој на настаните, ЦБР повторно очекува раст на економијата. Ова е објавено во извештајот на ЦБР за финансиската политика за периодот до 2017 година.
„Тековната ситуација помага да се замени увозот и да се развие домашното производство. Доколку има благопријатен развој на настаните, економскиот раст во 2017 година ќе изнесува 3%, но дури и геополитичката ситуација да не биде толку поволна, сепак, се очекува раст“, изјави Ксенија Јудаева, прв заменик претседател на ЦБР за РИА Новости.
Претходно е објавено дека ЦБ очекува во 2015 инфлацијата да изнесува 6 до 6,5%, а во 2017 - 4 до 4,6%.
Повеќе околу темата:
Економијата ќе биде стабилна дури и во услови на санкции и ниски цени на нафтата
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче