Централна банка на Русија: Економијата ќе биде стабилна дури и во услови на санкции и ниски цени на нафтата

Централната банка предивдува раст на економијата дури и при негативен развој на настаните.

Централната банка на Русија очекува стабилност во руската економија дури и во услови на санкции и цена на нафтата на ниво од 80 долари за барел, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на изјава на првиот заменик претседател наЦБР, Ксенија Јудаева.

„Руската економија ќе биде стабилна дури и ако од 2015 до 2017 година просечната цена се задржи на 80 долари за еден барел, и ако санкциите не бидат укинати... Како и да се развиваат настаните, Централната банка има инструменти...“, изјави Јудаева.

Централната банка ги направи пресметките тргнувајќи од 80 долари за барел нафта.

„Во сите сценарија за развој на настаните се очекува постепено зголемување на растот на светската економија, како и на економиите на основните партнери на Русија. Поради тоа, динамиката на надворешната побарувачка во следниве неколку години нема да има значајно стимулирачко дејство врз економијата на Русија“, се кажува во документот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња