Перу ќе купи хеликоптери од Русија

Пару планира хеликоптерите да ги употеби во борбата против трговијата со дрога.

Властите на Перу планираат да купат три руски повеќефункционални хеликоптери Ми-17. Информацијата е објавена на Peru.com, каде се повикуваат на министерот за внатрешни работи на оваа држава, Даниел Урести.

Зделката ќе ја извршат министерството за внатрешни работи и министерството за одбрана на Перу.

Освен тоа, Урести додаде дека хеликоптерите ќе се применат во рамките на борбата со незаконската трговија со наркотици, како и во операциите за спасување луѓе. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња