Министерот за енергетика на Русија Александар Нова изјави дека министерствата за енергетика на Русија и Кина планираат во недела да потпишат Меморандум за соработка во сферата на испораки на природен гас од Русија во Кина по „западната“ маршрута, пренесува кореспондент на „Газета.ру“.
„Денес се сретнавме со министерот за енергетика на Кина и разговаравме за сите наши проекти, вклучувајќи ја и изградбата на гасоводот ’Силата на Сибир’ по „западната“ маршрута“, изјави Новак.
„Ќе потпишеме меморандум за условите за испорака на гас по западниот коридор. Компаниите CNPC и „Гаспром3 веќе го разгледуваат прашањето детално“, додаде Новак.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче