Холандија не гледа причини за укинување на санкциите против Русија

Холандија засега не планира да се застапи за укинување на санкциите против Русија.

Властите на Холандија не гледаат причина за укинување на антируските санкции. Како што пренесува „Интерфакс“, ова го изјави министерот за надворешни работи на Холандија Берт Кундер.

„Во моментов поради неисполнување на минските протоколи не гледаме повод да се укинат санкциите против Руската Федерација“, изјави Кундер на конференцијата за печатот во Киев со шефот на МНР на Украина, Павел Климкин.

Берт Кундер исто така подвлече дека Амстердам е загрижен поради одржаните избори на 2 ноември во ДНР и ЛНР. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња