Амбасадорот на Русија во САД: американските медиуми ја искривуваат сликата за конфликтот во Украина

Амбасадорот на Русија во САД смета дека до Американците не доаѓаат информации за руската гледна точка.

Американските медиуми не ја пренесуваат реалната ситуација во Украина и јавноста нема можност да се запознае со руската позиција за ова прашање. Ова го пренесува РИА Новости, повикувајќи се на амбасадорот на Русија во САД, Сергеј Кисљак.

„Сликата која ја гледаат американците е доста искривена“, забележа Кисљак.

Исто така, амбасадорот додаде дека после неформалната средба со уредниците на американските медиуми, тој дошол до заклучок дека т.н. различниот начин на пренесување на информациите во САД доведува до тоа истата да се претвори во лага. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња