САД се обидуваат да влијаат на Унгарија поради енергетските врски на државата со Русија, изјави премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, а пренесува РИА Новости.
„САД вршат силен притисок врз Унгарија“, изјави Орбан. Според мислењето на Орбан, САД ја разгледуваат реализацијата на проектот „Јужен тек“ како „зближување на Унгарија со Русија“.
„Ние не планираме со никого ниту да се зближуваме, ниту оддалечуваме. Ние не водиме проруска политика, туку проунгарска“, изјави Орбан.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче