Шефот на Комитетот во Државната дума на РФ за меѓународни прашања Алексеј Пушков смета дека според она што ѝ се случува на Унгарија може лесно да се забележи дека САД наскоро ќе започнат да вршат притисок врз повеќето земји во светот. Пушков ова го напиша на својот профил на Твитер, а пренесува РИА Новости.
Премиерот на Унгарија Виктор Орбан претходно изјави дека САД се обидуваат да влијаат на Унгарија поради нејзините енергетски врски со Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.