Наришкин: САД отворено го координираат меѓународното уценување на Русија

Според неговите зборови, Москва е разочарана од приклучување на Јапонија кон антируските санкции.

САД станаа толку дрски, што веќе отворено го координираат меѓународното уценување на Русија, изјави претседателот на Државната дума, Сергеј Наришкин после средбата со Масахико Комуро, заменик претседател на јапонската владејачка Либерално-демократска партија, пренесува РИА „Новости“.

„Вашингтон стана толку дрзок, што веќе не крие дека отворено го координира уценувањето и притисокот врз Руската Федерација“, изјави Наришкин.

Тој истакна дека Русија е крајно разочарана поради тоа што јапонските партнери се приклучија на противправните и контрапродуктивните одлуки и воведоа санкции против Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња