Руските власти не се против женевскиот формат преговори за регулирање на ситуацијата во Украина, но не сакаат да вршат средби заради средби. Како што пренесува РИА Новости, ова го изјави Григориј Карасин, заменик министер за надворешни работи на Русија.
„Ние одговорно пристапуваме кон тоа прашање, и затоа не сакаме средби заради средби“, изјави дипломатот.
Сепак, Карасин подвлече дека Москва е подготвена на сѐ за да помогне во воспоставувањето на нормален дијалог меѓу киевските власти и претставниците на југоистокот на Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче