Лавров: Русија и САД ќе го убедуваат Киев да ги исполни женевските обврски

Шефот на руската дипломатија се состана со Џон Кери во Пекинг.

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров се состана со државниот секретар на САД, Џон Кери на самитот АТЕС (Азиско-тихоокеанска соработка) во Пекинг, каде разговараше со нив за ситуацијата во Украина, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на изјава на рускиот министер.

Во тој контекст, шефовите на дипломатиите на двете земји разговараа за женевскиот договор од 17 април, во чии рамки Киев треба да започне политички процес во вид на уставна реформа, во која треба да учествуваат сите политички сили во земјата.

„Џон Кери и јас констатиравме дека таа задача и понатаму е актуелна, а можеби сега е поактуелна од април, кога беше постигнат договорот тој процес да започне без никакви одлагања. Ќе се потрудиме да го убедиме украинското раководство да започне со исполнување на тие обврски“ изјави Лавров.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња