Премиерот на Австралија Тони Абот изјави дека претседателот на Русија Владимир Путин нема да може да ја избегне средбата со него. Политичарот нагласи дека би сакал да разговара со рускиот претседател за рушењето на малезискиот авион во Украина, во кој закинаа австралиски државјани, пренесува AFP.
Премиерот на Австралија нагласи дека планира да се состане со Путин за време на самитот Г-20, кој треба да се одржи на 15-16 ноември во австралискиот град Бризбејн, или за време на самитот АТЕС на 9-10 ноември во Пекинг.
„Барам шанса што побргу да се одржат соодветните билатерални разговори, за време на кои би имал шанса да нагласам колку за Австралија, како и за Холандија, Малезија и другите земји, чии државјани се наоѓаа во авионот MH17, е важна соработката околу прашањата кои се однесуваат на истрагата“, нагласи Абот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче