Претседателот на Русија Владимир Путин не планира во скоро време средба ниту со својот украински колега Петро Порошенко, ниту со шефовите на самопрогласените Донецка и Луганска народна република, пренесува „Руската служба за вести“, повикувајќи се на портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.
Во ДНР и ЛНР на 2 ноември се одржаа избори на кои се одлучуваше за раководството на самопрогласените републики. За шеф на ДНР беше избран Александар Захарченко, а во ЛНР - Игор Плотницки.
Последен пат Путин и Порошенко се сретнаа за време на самитот АСЕМ во Милано.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.