Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков изјави дека нападите на Западот врз Русија се фокусираат на личноста на Владимир Путин, пренесува РИА Новости.
„Тоа што се случува на медиумски план и во различните санкциски дејства - тешко е да се објасни. Често сѐ е проследено со персонифициран антипутинизам“, изјави Дмитриј Песков.
Тој подвлече дека тоа не предизвикува ништо освен чудење.
„Силниот лидер, способен да консолидира околу себе значаен дел од општеството, секако, не е посакуван за тие кои сакаат да имаат работа со „пластелин-држава“, каква што Русија воопшто не е“, подвлече портпаролот на Путин.
Претходно Forbes објави дека Владимир Путин по втор пат се најде на врвот на списокот на највлијателни луѓе во светот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче