МНР на Сирија: Дамаск ќе добие С-300 од Русија

Претходно Москва изјави дека договорот за испорака на С-300 на Дамаск привремено е ставен во мирување.

Министерот за надворешни работи на Сирија Валид Муалем изјави дека Русија наскоро ќе испорача во неговата држава ПВО комплекси С-300, пишува РИА Новости.

„Ние ќе ги добиеме не само комплексите, туку и друго оружје“, изјави Муалем во интервју за либанскиот весник „Ал-Ахбар“. Според неговите зборови, се забележува одредена задршка со испораките, поврзана со бирократските формалности.

Како што изјави Муалем, молбата за испорака на С-300 е поврзана со стравовите на сириската влада околу плановите на американскиот претседател Барак Обама.

„Гледаме дека Обама поради внатрешни проблеми сака да ја избегне војната со Сирија, и затоа се ограничува само на воздушни удари врз „Исламска држава“. Ние не знаеме како ќе се однесува Обама под сѐ поголемиот притисок, и затоа ние треба да бидеме подготвени“, изјави министерот. „Ние побаравме од Русија да ни испорача квалитетно оружје“, изјави Муалем.

Претходно Москва изјави дека договорот за испорака на С-300 на Дамаск привремено е ставен во мирување. 

Повеќе околу темата: 

С-400 „Триумф“

Системот С-300

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња