Министерството за економија на Украина планира да изземе од трговијата со Русија околу 900 производи, објавено е на интернет-страницата на министерството, а пренесува „Газета.ру“.
Листата на предложени производи кои ќе бидат забранети за увоз содржи месо, риба, млечни производи, овошје, зеленчук, пијалаци, зачини, шеќер и др.
Исто така, во списокот се најдоа и животни, ѓубрива, тутунски производи, козметички средства, обувки, мебел, бела техника и други производи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче