Првиот заменик претседател на комитетот за физичка култура во Државната дума на Русија, Сергеј Подубни на следното заседание на комитетот ќе го постави прашањето за подготовка на законски проект со кој треба да се зголеми возраста за легално купување производи од тутун (од 18 на 21 година), пишува „Известија“.
„Донесениот закон за забрана на пушењето на јавни места практично не се почитува... На следната пленарна седница, која треба да се одржи на 10 ноември, ќе предложам да се одржи дискусија за законот за забрана за пушење и да се разгледа внесувањето на иницијативата за забрана на продажбата на цигари на лица под 21 година3, изјави Подубни.
Претходно сенаторот Вјачеслав Фетисов предложи иницијатива за зголемување на возраста за купување алкохол од 18 на 21 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче