Русија и Индија ќе започнат производство на модули за ГЛОНАСС

Реализацијата на овој план би требало да започне по посетата на Путин во Индија.

Русија и Индија планираат да започнат заедничко производство на модули за навигацискиот систем ГЛОНАСС, соопштува РИА Новости, повикувајќи се на вицепремиерот на Русија, Дмитриј Рогозин.

„Ние се договоривме да извршиме одделни консултации за прашањата околу соработката во вселената, вклучувајќи го и прашањето за пилотираните летови во вселената, започнување со проекти во Индија поврзани со користењето на ГЛОНАСС, како и заедничко производство за модули ГЛОНАСС за прием на сигнали“, забележа Рогозин.

Решението и сигналот за почеток на реализацијата на вселенските програми може да биде донесено за време на посетата на претседателот Путин во Индија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња