Нарачките за извоз на оружје од странство годинава надминуваат 7,5 милијарди долари, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин, а пренесува РИА Новости.
„Годинава рускиот воено-индустриски капацитет склучи нови договори во износ од 7,5 милијарди долари. Како резултат на тоа, вкупниот износ на нарачки изнесува 50 милијарди долари. Тоа е добар показател“, изјави Путин за време на заседанието на комисијата околу прашањата за воено-техничката соработка.
Според зборовите на шефот на државата, Русија може да ги одбегне последиците од санкциите во оваа сфера и да ги зацврсти своите позиции со помош на реализацијата на програмата за замена на увозот на воена продукција со сопствено производство.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.