Путин: грешка на државата е ако младите не ја знаат историјата на својата земја

Најголема грешка на државата е незнаењето на историјата од страна на младото поколение, смета претседателот на Русија, Владимир Путин.

Најголема грешка на државата е незнаењето на историјата од страна на младото поколение, смета претседателот на Русија, Владимир Путин, а пренесува ТАСС.

„Трагично и тревожно е ако современата младина не знае на кого да се повика, не ги знае хероите на својата земја, доколку не знае дека Втората светска војна воопшто се случила...“, изјави шефот на руската држава за време на средбата со научниците и наставниците по историја.

Според зборовите на Путин, „таквата ситуација е катастрофална, и тоа е грешка на државата“. Тој забележа дека ваквите тенденции „се многу опасни“.

Освен тоа, претседателот призна дека „партнерите во другите држави доста поефективно работеле за времена претходните децении во областа на создавање архетип на хрои кои ќе ги подражава младата популација“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња