Египет заинтересиран за приклучување кон Царинската унија

Според неговите зборови, посетата на египетскиот претседател во Русија годинава отворил за Москва и Каиро нови сфери на соработка.

Египет во иднина не ја исклучува можноста за приклучување кон Царинската унија, изјави министерот за надворешни работи на државата, Самех Шукри, а пренесува РИА Новости.

Според неговите зборови, августовската посета на египетскиот претседател Абдел Фатах во Русија отвори за Москва и Каиро нови сфери за активирање на соработката, вклучувајќи ја и можноста за слободна трговија меѓу Египет и Царинската унија.

„Секоја форма на соработка која ќе ни помогне да ги развиваме економските односи се поздравува. Сепак, тие процеси бараат преговори, доаѓање до заемно прифатливи решенија“, изјави министерот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.