Западни медиуми: Русија нема да учествува на самитот за нуклеарна безбедност во 2016

Белата куќа изрази жалење поради решението на Русија.

Русија ги информираше Соединетите Американски Држави дека нема да учествува на самитот за нуклеарна безбедност во 2016 година, кој треба да се одржи во САД, пренесува Associated Press, повикувајќи се на двајца неименувани дипломати.

Оваа недела Русија веќе го бојкотираше учеството во подготвителната средба за самитот.

Белата куќа изрази жалење поради решението на Русија.

„САД жалат поради решението Русија да не земе учество на подготвителната средба за самитот посветен на нуклеарната безбедност – 2016“, изјави Џош Ернест, официјален претставник на Белата куќа.

Последниот самит за нуклеарна безбедност се одржа во Хаг, Холандија. Таму претседателот на САД, Барак Обама ја нарече Русија „регионална држава“ која им се заканува на своите соседи. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња