Властите на САД се загрижени поради изјавата на генералниот секретар на НАТО, кој повторно ја обвини Русија за концентрирање на војска недалеку од украинската граница, изјави официјалната претставничка на Стејт департментот, Џенифер Псаки, истакнувајќи дека нема независни информации кои ги потврдуваат овие изјави.
„Ние и понатаму сме загрижени поради новите вести за можната активност на руските трупи недалеку од украинската граница, иако не поседувам независни информации кои тоа можат да го потврдат. Како што знаете, ние соработуваме со НАТО кога станува збор за следењето на ваквите активности“, изјави Псаки, а пренесува РИА Новости.
„Секако, тоа би било кршење на минскиот протокол, и ние продолжуваме да вршиме притисок врз обете страни за да издејствуваме исполнување на тој протокол“, изјави Псаки.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче