Повеќе од 207.000 граѓани на Украина добија привремено засолниште во Русија

Повеќето граѓани кои побарале привремено засолниште доаѓаат од југо-истокот на Украина.

Раководителот на Федералната служба за миграција (ФМС) на Русија, Константин Ромодановски изјави дека од почетокот на конфликтот на југоистокот на Украина повеќе од 235.000 граѓани на Украина побарале привремено засолниште во Русија, пренесува „Интерфакс“.

„Од нив 207.000 веќе добија привремено засолниште“, изјави Ромодановски.

Претходно беше соопштено во ФМС на Русија повеќе од 105.000 лица побарале дозвола за привремен престој на руска територија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња