Нуклеарната подморница „Тула“ изврши успешно тестирање на балистичката ракета „Синева“

Лансирањето на балистичката ракета било извршено под вода.

Нуклеарната подморница „Тула“, која е дел од Северната флота на Русија, оствари успешен тест со лансирање на меѓуконтиненталната ракета „Синева“, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на Министерството за одбрана на Русија.

„Во рамките на проверката на морските стратешки нуклеарни сили, „Тула“ изврши лансирање на меѓуконтиненталната балистичка ракета „Синева“ од водите на Баренцовото море“, изјавено е во Министерството за одбрана на Русија.

Лансирањето на балистичката ракета било извршено под вода. 

Повеќе околу темата:

РСМ-54 „Синева“ (графикон)

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња