Можни се преговори меѓу Путин и Обама на самитот АТЕС и Г-20

Одделни средби засега не се планирани.

Портпаролот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков изјави дека не се исклучени неформални преговори меѓу Владимир Путин и претседателот на САД, Барак Обама за време на одржувањето на меѓународниот самит на АТЕС и Г-20, пренесува РИА Новости.

Песков додава дека одделни средби засега не се планирани.

„На меѓународните самити лидерите на еден или друг начин комуницираат, но никакви одделни двострани средби во моментов не се планирани“, изјави Песков.

Претходно претставникот на Советот за национална безбедност во Белата куќа, Марк Строх не ја потврди средбата меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Барак Обама на самитот на АТЕС и Г-20. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња